Скопје, 13. декември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 1.211 тестирања, при што се регистрирани 82 нови случаи на Covid-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
• Скопје 61
• Кавадарци 9
• Гевгелија 4
• Битола и Велес по 2
• Прилеп, Охрид, Неготино и Валандово 1
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица: 3 починати лица од Скопје (56, 80 и 86 години) и по едно починато лице од Прилеп (72 години), Битола (55 години), Валандово (71 години), Македонски Брод (66 години) и Кичево (61 години). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.
Регистрирани сe 265 оздравени пациенти од:
• Скопје 128
• Битола 34
• Крива Паланка 14
• Прилеп 12
• Валандово и Крушево по 9
• Ресен 7
• Кавадарци и Делчево по 6
• Велес, Куманово, Тетово и Штип по 5
• Неготино, Кочани и Радовиш по 3
• Гевгелија, Струмица, Пробиштип, Демир Хисар и Македонски Брод по 2
• Кратово 1
Досега во земјата се направени вкупно 1.503.941 тестирања на Covid-19.
Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 219.490, бројот на оздравени пациенти е 206.211, на починати е 7.740, а бројот на активни случаи изнесува 5.539. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство