март 9, 2021

Скопје, 9. март 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.394 тестирања, при што се регистрирани 872 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

-Скопје 459
-Прилеп 51
-Кавадарци 35
-Куманово, Битола и Охрид по 33
-Тетово 31
-Гостивар 28
-Штип 24
-Неготино и Берово по 15
-Велес 14
-Крива Паланка 13
-Струмица и Струга по 11
-Крушево 9
-Демир Хисар 8
-Гевгелија 7
-Кочани, Радовиш и Пробиштип по 6
-Кичево, Ресен и Богданци по 5
-Свети Николе 3
-Виница, Валандово, Кратово, Демир Капија, Македонски Брод и Дојран по 1

Починати се 22 лица, по 9 пациенти од Скопје (66, 69, 78, 87, 75, 80, 75, 70 и 73 години), 4 пациенти од Прилеп (67, 86, 89 и 45 години), 2 пациенти од Гевгелија (73 и 73 години) и по 1 пациент од Тетово (72 години), Велес (73 години), Охрид (79 години), Кочани (72 години), Кичево (70 години), Делчево (75 години) и Струмица (70 години). Сите пациенти се починати во болнички услови.

Регистрирани се 412 оздравени пациенти од:

-Скопје 179
-Охрид 44
-Струга 34
-Прилеп 33
-Куманово 23
-Тетово 18
-Битола 13
-Струмица по 12
-Гостивар 10
-Гевгелија 8
-Велес 6
-Штип 5
-Крива Паланка, Делчево и Пробиштип по 4
-Дебар и Кичево по 3
-Ресен, Виница и Кратово по 2
-Неготино, Крушево и Богданци по 1

Досега во земјата се направени вкупно 548.210 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 108.350, бројката на оздравени пациенти е 95.822, на починати е 3.228, а бројот на активни случаи изнесува 9.300. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука