Скопје, 13. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 973 тестирања, при што се регистрирани 88 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 30
– Куманово 8
– Дебар 1
– Штип 13
– Прилеп 5
– Тетово 3
– Струга 11
– Велес 1
– Битола 1
– Охрид 2
– Кавадарци 1
– Гостивар 1
– Пробиштип 1
– Кратово 1
– Свети Николе 1
– Кичево 8
Починати се три лица, двајца пациенти од Скопје и еден од Штип.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 123 оздравени лица од кои:
– Скопје 70
– Штип 6
– Прилеп 4
– Тетово 31
– Велес 3
– Кочани 2
– Пробиштип 1
– Кичево 1
– Ресен 4
– Неготино 1
Досега во земјата се направени вкупно 78.133 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.197, бројката на оздравени пациенти е 4.326, на починати е 385, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.486. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство