јуни 22, 2020

Скопје, 22. јуни 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 665 тестирања, а регистрирани се 90 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:

Скопје-36, Куманово-2, Штип-8, Тетово-4, Струга-10, Велес-2, Битола-2, Охрид-13, Гостивар-1, Крушево-1, Кочани-2, Пробиштип-1, Свети Николе-2, Ресен-6.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 48 оздравени пациенти од: Скопје-9, Штип-30, Тетово-1, Велес-1, Гостивар-4, Струмица-1, Кочани-1, Пробиштип-1.

Починати се 9 лица, пет од Скопје, двајца пациенти од Тетово, еден од Охрид и еден пациент од Гостивар.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Скопје (90г), хоспитализиран на 15 јуни. На Институот за белодробни заболувања и ТБЦ е починат пациент од Скопје (64г).

Во ГОБ „8 септември“ починаа, пациентка (70г) од Скопје, хоспитализирана на 10 јуни, пациент (61г) од Гостивар, хоспитализиран на 17 јуни и пациент од Скопје (57г), примен на 17 јуни. На барање на семејството е испишан од болница пациент од Скопје (64г), кој починал во кола по заминувaњето. Хоспитализиран бил на 17 јуни во тешка состојба како сомнителен на ковид, а потврден позитивен по приемот.

Во КБ Тетово починати се две лица, пациент (60г), хоспитализиран на 20 јуни и пациентка (70г), хоспитализирана на 15 јуни. Во ОБ Охрид вчера е починат пациент (64г), чиј позитивен резултат е потврден денес.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5196, бројката на оздравени пациенти е 1974, на починати е 247 а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.975. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 2.534, активни 1721
• Куманово 694, активни 241
• Дебар 82, активни 30
• Штип 275, активни 188
• Прилеп 231, активни 18
• Тетово 538, активни 326
• Струга 180, активни 100
• Велес 167, активни 33
• Битола 42, активни 13
• Охрид 112, активни 92
• Кавадарци 11, активни 6
• Гостивар 83, активни 50
• Гевгелија 9, активни 5 (*2 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Богданци)
• Струмица 10, активни 6
• Крива Паланка 11, активни 5
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 6, активни 3
• Кочани 61, активни 27
• Пробиштип 13, активни 10
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 3, активни 1
• Пехчево 5, активни 2
• Берово 2, активни 1
• Валандово 6, активни 4
• Виница 3, активни 0
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 4, активни 2
• Свети Николе 16, активни 14
• Кичево 8, активни 5
• Ресен 65, активни 64
• Неготино 19, активни 8 (* 10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 665 теста се преку: ИЈЗ –217, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена –0, Биотек –0, МАНУ -189, Жан Митрев (Филип Втори) -106, Судска медицина-0 и Систина со PCR метода (за вчера и денес)-119 . Досега во земјата се направени вкупно 51.885 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 13 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 106 пациенти. На кислородна поддршка се 49 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во монтажната болница се хоспитализирани 11 пациенти, во болницата во Козле еден возрасен пациент, позитивен на ковид-19.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 132 пациенти. На респираторна машина се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 33 пациенти, а во болницата во Штип се хоспитализирани 20 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 76 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје заклучно со вчера (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 394
• Аеродром – 135
• Бутел – 144
• Гази Баба – 156
• Центар – 137
• Карпош – 116
• Сарај – 137
• Кисела Вода – 98
• Ѓорче Петров – 83
• Студеничани – 86
• Шуто Оризари – 73
• Арачиново – 55
• Илинден – 31
• Петровец – 14
• Чучер Сандево – 16
• Сопиште – 13
• Зелениково-2
• Странец – 4
• Нераспределен-4 (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука