Скопје, 16. јули 2020 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 830 тестирања, при што се регистрирани 94 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.По градови:
– Скопје 49
– Куманово 2
– Штип 8
– Прилеп 1
– Тетово 6
– Струга 2
– Гостивар 13
– Кочани 2
– Свети Николе 9
– Кичево 2
Починати се 8 лица, два пациенти од Скопје, еден од Прилеп, еден од Струга, еден од Охрид, двајца од Гостивар и еден од Кичево.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица од:
– Скопје-27
– Штип 1
– Прилеп 8
– Тетово 1
– Велес 3
– Кочани 2
Досега во земјата се направени вкупно 81.604 тестирања на COVID-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8.623, бројката на оздравени пациенти е 4.603, на починати е 401, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.619. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство