октомври 19, 2019

Охрид, 19. октомври 2019 (ОХРИДПРЕС) – Синоќа во клубот „Awake“ во Охрид се одржа хуманитарна забава „Од младите за Јана“ за собирање средства за помош на нашата Јана Арсовска.

Тоа беше само продолжување на акциите кои охриѓани, но и граѓани и организации ширум државата ги организираат периодов наназад.

– Младите се иднината, младите се двигателите на општествените промени и симбол за убавина, напредок и стремеж кон подобро. Под иницијатива на млади лица се организира хуманитарна забава за Јана под слоганот „Од младите за Јана“. Младите се собраа за поддршка на уште еден млад живот во борбата со злото на денешницата – канцерот. Промените ги прават младите, а ние ајде да им се придружиме сите зедно да успеат да ја остварат нивната зацртана цел во петок на 18-ти октомври 2019 година, информираат организаторите.

Помош и’ е потребна на 33-годишната Јана Арсовска од Охрид, која веќе петта година се бори со редок вид на рак. Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски рак кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 143 467

За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка

За хуманите луѓе надвор од Македонија: gofundme.com/hopeforjana

или преку жиро-сметка на:

IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука