Економија Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Започна да функционира паркингот на улицата „Кеј Македонија“ (Фото)

Охрид, 23. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Започна да функционира најавениот нов сообраќаен режим со кој е дозволен моторен сообраќај и паркирање на улица „Кеј Македонија“.

Пред хотелот „Палас“ е поставен пункт за наплата и рампа, а ваквото сообраќајно решение е одобрено од МВР. Станува збор за потегот од пресекот со улица „Македонски Просветители“ (кружна крстосница плоштад) до пресек на „Кеј Македонија“ со „Ванчо Николески“, потег ма кој ќе биде дозволен сообраќај, како и паркирање.

Со поставувањето на рампата е затворен системот за наплата од маркет „Тинекс“, кружното и „Палас“. Сообраќајот ќе се одвива во една насока, од кружната крстосница кон хотелот „Палас“.

Ваков сообраќаен режим имаше и претходно, а пред почетокот на летната сезона беше воведена забрана за секаков вид на моторен сообраќај на овој дел од улица „Кеј Македонија“ по што истиот беше наменет за движење на пешаци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука