Охрид, 20. септември 2022 (ОХРИДПРЕС) – Основното училиште „Ванчо Николески“ од селото Лескоец деновиве е домаќин на наставници и професори од Турција, Словенија, Италија и Србија кои се дел од Еразмус Плус проектот „Стратегии и присуство во училиште и бегање од часови“.
Целта на настанот е разменување идеи, мислења, ставови и стратегии за работата во училиште.
– Професорите од повеќето Европски држави вчера беа во посета на Општина Охрид каде ги прими раководното лице на Секторот за образование пред кого го образложуваа образовниот систем и начинот на функционирање на училиштата од матичната земја, информираат од Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Општина Охрид
Прочитано: 53