Охрид, 2. февруари 2022 (ОХРИДПРЕС) – Со одлука на градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков, за в.д директор на ЈП „Водовод“ Охрид е назначен дипломираниот менаџер по царина и шпедиција Марјан Ристески.
– Ристески има долгогодишно менаџерско искуство најпрво во приватниот, а подоцна и во јавниот сектор. Како директор на Државниот студентски дом „Никола Карев“ успеал од институција којашто била во згаснување да создаде стабилна и успешна установа, информираат од Општина Охрид. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 69