декември 9, 2019

Скопје/Охрид, 9. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во јавноста имаше многу шпекулации во однос на изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

Одговорно тврдам дека се направени сериозни промашувања во проектот за што потрошивме многу време додека ги отстранивме недостатоците, истакна во интервју за Вечер Прес министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

– Но, сега тоа е поминато и главно сме фокусирани на изградбата. Темпото е засилено, веќе се работи на одредени подделници на автопатот, законот за заем на дополнителните средства очекуваме најбрзо да помине во Собрание, така што немам дилеми околу изградбата. Таа тече континуирано и очекувам да се запази рокот до 2021 година, напомена Сугарески. (Крај)

извор: Вечер Прес фото: Вечер Прес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука