Охрид, 4. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во пресрет на премиерата на филмот „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски, а поради преголемата заинтересираност за билети, донесена е одлука да се одржи и втора проекција на филмот, информираат од тимот на Пиперковски.
– Со тоа сакаме да им излеземе во пресрет на сите заинтересирани гледачи кои сакаат да го погледнат филмот. Истиот ќе се прикаже по втор пат во вечерниот термин од 22:00 часот, а сите заинтересирани ќе можат да купат билети на билетарата при Центарот на Култура „Григор Прличев“ во Охрид, додаваат од Pandora’s Box Production.
Премиерата на новиот филм „Дедо и внук“ на охридскиот режисер Илија Пиперкоски ќе се одржи на 6-ти декември во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.Филмот започна да се снима кон средината на април 2017 година и е единствениот долгометражен игран филм во македонската кинематографија, по „Мирно лето“ на Димитрие Османли, кој е целосно снимен во Охрид.
Главните улоги ги толкуваат Дејан Лилиќ, Салаетин Билал, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов, Наум Цветкоски и други. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива