декември 5, 2019

Охрид, 5. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – 57 ученици од ОУ„Христо Узунов“ од Охрид, под менторство на наставничката Вера Зороска учествуваа на 43-та Школа на млади физичари организирана од страна на Друштвото на физичари на Република Македонија (ДФРМ), а во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“. 

Од нив, 55 ученици самостојно или во парови, се претставија со свои експерименти, демонстрации или изработки од различни области на физиката, а беа освоени следниве награди:

9 одд.
I награда
Горазд Блажески
Емилија Димоска

II награда
Мартин Јузмески
Христијан Кочоски

III награда
Кристина Трајчевска
Тамара Стојановска
Теона Митаноска

8 oдд.
II награда
Филип Иваноски
Михаил Алексоски
Наум Стојаноски

III награда
Марија Зороска
Наталија Танеска
Филип Блажески
Виктор Маркоски

– Прекрасна е глетката на раздвижени и возбудени ученици кои со нетрпение ја очекуваат презентацијата на својот обид или изработка, на чија идеја, реализација и опис работеле речиси еден месец. Особено е задоволството од предизвиканиот интерес за изучување на природата од толкав број ученици кои „утре“ ќе бидат инженери, програмери, доктори, природници. Во овие, и вакви моменти, наставникот може да ја почувствува благородноста на својата професија,вели наставничката Зороска.

Школата беше наменета за учениците од основните училишта кои го изучуваат предметот физика и нивните наставници. Програмата се состоеше од натпревар во експерименти, демонстрации и изработки, како и од интересни предавања на актуелни теми од областа на физиката и природните науки од страна на еминентни универзитетски професори. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука