Охрид, 6. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Во ОСУ „Св. Климент Охридски“ денес се одржа хуманитарен саем, со што се заокружуваат активностите посветени на одбележувањето на патрониот празник на ова средно училиште.
Настанот се одржа во спортската сала на гимназијата и истиот пред се’ имаше хуманитарна цел.
– По повод патрониот празник на ОСУ „Св. Климент Охридски“, вработените и учениците од ова училиште организираат хуманитарен саем под мотото „Дарувај од ❤️“. Донирајте, бидете дел од нашиот настан, а ние ви ветуваме нема да зажалите, порачаа организаторите.
Додаваат дека сите собрани средства ќе бидат наменети за помош на Тачо и Јана. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 23