ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Александра Жилеска од ФТУ го освои второто место на натпреварот за изработка на бизнис идеи за туризам

Охрид, 7. ноември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Александра Жилеска од Факултетот за туризам и угостителство во Охрид (ФТУ) го освои второто место со парична награда на натпреварот за изработка на бизнис идеи за туризам креирани од студенти на Факултетите за туризам во Македонија.

Согласно програмата за развој на туризмот за 2019 година Министерството за економија објави повик за изработка на бизнис идеи за туризам креирани од студенти на Факултетите за туризам. Проектот се реализира во соработка со Министерството за образование и наука, Факултетите за туризам (Охрид/Скопје/Штип/Тетово) и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот. Презентацијата на изработените бизнис идеи се одржа на 26 ноември 2019 пред Комисијата за оценка и избор на најдобри бизнис идеи во просториите на Министерството за економија. Студентката Жилеска Александра од Факултетот за туризам и угостителство-Охрид настапи со својата бизнис идеја за Ресторан за здрава храна „Fast and healthy” и ја освои втората награда.

– Идејата за овој бизнис план доаѓа од искуството кое што го имам во областа на угостителството, како практично така и теоретско. Теоретското знаење кое го стекнувам на ФТУ има големо влијание за отпочнување на определен бизнис укажувајќи на тоа како да се реагира на пазарните промени, па затоа сметам дека ќе има големо значење во донесувањето на одлуките во овој ресторан. Исто така поседувам и практично искуство во областа на угостителството како резултат на прсктичната работа и сезонското работење како студент, каде што се подготвува брза храна и пијалоци кои што негативно влијаат на здравјето на луѓето, кое што ме поттикна да ја формирам оваа бизнис идеја. Тоа што најмногу ме поттикна се луѓето кои ја одбегнуваа салатата која што следи со таа брза храна, а што за жал најчесто тоа се децата. Затоа е потребно да се влијае на определен начин за да се промени начинот на кој што тие се хранат. За таа цел ја разработив оваа предлог идеја за понуда на брза но здрава храна, вели Александра во воведниот дел од нејзиниот труд. (Крај)

извор: ФТУ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука