декември 10, 2019

Скопје/Охрид, 10. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – На денешната седница на Комисијата за буџет и финансирање, пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ане Лашкоска посочи дека Охрид е единствениот регион во државата со кој што имаме членство во УНЕСКО, односно сме дел од УНЕСКО.

– Пред повеќе од година дена имавме надзорна расправа од Комисијата за култура за зачувување на Охрид и охридскиот регион. А, веднаш после тоа за многу кратко време ни стигна информацијата дека е загрозено членството на Охрид во УНЕСКО. Имено на таа надзорна расправа беше присутен меѓу претставниците на министерствата, беше присутен и градоначалникот на Охрид. Каде што човекот зеде збор и кажа дека Општината нема средства и замоли и од пратениците и од министерот за транспорт и врски да помогнеме со финансиски средства за изработување на детални урбанистички планови, истакна Лашкоска.

Таа додаде дека деталните урбанистички планови се обврска на општините.

– Меѓутоа министерството за транспорт и врски години наназад има фонд со кој што потпомага финансиски за изработка на детални урбанистички планови во руралните и помалите општини во Република Македонија. Сакам да замолиме со ова да реагираме и за транспорт и врски, затоа што Охрид е од исклучително значење за цела држава , а средствата кои се предвидени за финансирање на детални урбанистички планови за помалите општини и руралните општини да ги префрлиме за општина Охрид, појасни Лашкоска. (Крај)

извор: Курир фото: Курир

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука