декември 10, 2019

Скопје/Охрид, 10. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Македонската Влада денеска на седница ја реафирмираше определбата да се зачува статусот на УНЕСКО за светско културно и природно наследство на Охридскиот регион и ги задолжи сите релевантни државни институции најдоцна до петок да достават информации за степенот на реализација на препораките од УНЕСКО.

– Во заклучоците на Владата по ова прашање е и препораката до општините Дебрца, Охрид и Струга да се интензивираат процесите и активностите со цел исполнување на препораките на УНЕСКО и да ги примат претставниците на УНЕСКО во склоп на Реактивната мисија за 2020 година, се наведува во владиното соопштение.

Исто така, Генералниот секретаријат на Владата е задолжен во рок од 10 дена да објави постапка за јавна набавка за изработка на анализа на предлогот за алтернативна рута за пругата долж Коридорот 8 што ја има предложено Реактивната мисија на УНЕСКО во 2017-та година. (Крај)

извор: Влада РМ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука