декември 11, 2019

Скопје/Струга, 11. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко продолжува со индолентниот однос и не го доставува списокот на дивоградби во Струга и во заштитениот појас.

УНЕСКО, Владата и Националната комисија уште во јули побараа од него да го достави и инвентарот на дивоградби за да може да се направи акциски план. Мерко по шестмесечно игнорирање минатата недела до министерството за транспорт и верски доставил регистар со барања за легализација кој нема доприрна точка со она што е побара од него.

Од Владата нема никаква најава за евентуални санкции за Мерко и неговиот однос ниту пак објаснување зоштои се толерира. Премиерот Заев пак тврди дека воопшто не знаел за непостапувањето на струшкиот градоначалник.

Во меѓувреме и жителите на Струга со апели до надлежните да се спроведе акција и да се спречи беззаконието во Струга кое го толерира Мерко. Во анонимно писмо до медиумите тие предупредуваат дека се подигаат дивоградби во заштитената зона како што е оваа хала покрај самиот брег, се бетонира автокампот во селото Калишта ,а угостиелските објекти постваени на плажите за кои концесиите се истечени се’ уште работат.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: Тв Телма/Огнен Чанчаревиќ фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука