Охрид, 12. декември 2019(ОХРИДПРЕС) – Емилија Николовска, ученичка во деветто одделение во ОУ „Григор Прличев“ од Охрид освои бронзен медал на 16. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (физика, хемија и биологија) што се одржа во Доха, Катар од 3-ти до 12-ти декември.
Во конкуренција меѓу 400 учесници од 70 земји, сребрен медал освоија Никола Спировски, деветтоодделенец во ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци” во Скопје и Мајкл Георгиевски, прва година во гимназијата „Добри Даскалов” во Кавадарци, кој за време на државните натпревари оваа пролет беше основец во кавадаречкото ООУ „Гоце Делчев”. Стефан Дрмач, прва година во гимназијата „Раде Јовчевски-Корчагин” во Скопје, кој на државните натпревари беше основец во „Песталоци”, и Матеј Гелев, ученик во осмо одделение во ООУ „Блаже Конески” во Велес. Во тимот од шест најдобри ученици по природни науки во земјава беше и Теона Кировска, ученичка во прва година во средното училиште „Кочо Рацин” во Свети Николе, која беше деветтоодделенка во ООУ „Гоце Делчев” за време на домашните натпревари.
Следната, 17. јуниорска олимпијада по природни науки ќе се одржи во Франкфурт во декември 2020 година. (Крај)
извор: Лидер фото: архива