Избор ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Пристаништето во Св. Наум подготвено за извлекување на бродовите, санацијата се’ уште неизвесна

Охрид, 13. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Пристаништето во Св. Наум е подготвено за извлекување на бродовите.

Платформата веќе исплива на површина. Металниот понтон пред неколку години е поставен во езерските води и служи за извлекување на бродовите на суво при вршење на технички прегледи, поправки или ремонт. Кога не се користи, истиот е потопен во вода.

Пристаништата во Охрид и Св. Наум се градени во текот на триесеттите години на минатиот век. Освен за поправки, платформата може да се користи и за изведување градежни работи во вода, чистење и уредување на пристаништата на Охридското Езеро.

Иако за овој период, поради најнискиот езерски водостој, беа најавени санациони зафати за пристаништата, сепак тоа се’ уште не се случи. Последно копање на пристаништата е изведено 2014 година, но тоа е перманентен процес кој мора да се следи. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука