Охрид, 14. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – МЕГА популарните Steffonator & GP се дел од последниот проект на охридските „Тамаро“ маркети во соработка со веќе традиционалниот партнер „Витаминка“ наречен „Сладок декември“.
Проектот ќе трае до крајот на декември и во него ќе земат учество сите кои ќе снимат некое видео со производ на „Витаминка“ купен во некој од маркетите на „Тамаро“ во Охрид или Струга.
– Се’ што треба да направите е да купите некој производ од „Витаминка“ во некој од нашите маркети и да снимите со него кратко видео пред маркетот. Видеото испратете го во порака на нашата официјална страна на Facebook и веќе сте во игра за главната награда – моќниот Huawei телефон со врвна камера за да можете да снимате уште подобри видеа. Најдоброто видео ќе го одберат токму МЕГА популарните Steffonator & GP, со кои ќе имаме финален Meet Up во сабота на 28-ми декември во хотелот Mozzafiato во Охрид, каде лично Steffonator & GP ќе му ја доделат главната награда на најдобриот и ќе се дружат со младите охриѓани, порачуваат од „Тамаро“ маркетите.
Секако ќе имаме и многу други награди, кои ќе ги доделуваме секојдневно на Супер радио.
Дополнително, за промоција на проектот, во дел од „Тамаро“ маркетите ќе се одржат и забави со тимот на Супер радио во термините од 11:00 до 12:00 часот, со следниот календар:
– понеделник, 16-ти декември, маркет АСНОМ
– петок, 20-ти декември, маркет фабрика „Братство’
– понедленик, 23-ти декември, маркет 10 (Крст Џамија) и
– петок, 27-ми декември, маркет АСНОМ
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес