Охрид, 16. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во вторник, на 17-ти декември 2019 година, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, со почеток во 17:00 часот ќе се служи вечерна богослужба по повод празникот „Преподобен Нектариј Битолски“.
Со вечерната богослужба ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Во среда, на 18-ти декември 2019 година, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј.
Во црквата „Св. Никола Геракомија“ во Варош, Охрид, во четврток, на 19-ти декември, со почеток во 08:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. Николај Мирликиски Чудотворец“ на која ќе чиноначалстува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива