Охрид, 17. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес го празнуваат денот посветен на Св. маченичка Варвара.
За време на имераторот Максимилијан во Илиопол живеел еден богат човек по име Диоксор, а неговата жена рано починала. Единствената ќерка Варвара ја сакал многу и ја чувал како своите очи. Полагал голема грижа за ќерка си и за нејзиното воспитување. Девојката била необично убава и до нејзиното полнолетство татко и ја чувал во своите богати одаи на една висока кула. Девојката не гледала никого, освен воспитувачките и слугинките.
Гледајќи во природната убавина почнала да размислува: чија рака ја создала таа убавина? И добивала одговор, да никој не го сторил тоа освен вистинскиот Бог, кој ја создал небесата и основал земјата. На таков начин размислувајќи девојката се издигнала со мислата и со срцето кон Создадетелот на се. Сакала да дознае за Бога, но немала учител.
Но Господ по своја благодат и внушил стремеж и ја готвел да ја сознае вистината.
Изминале години, девојката пораснала и татко и нејзин веќе мислел да ја омажи. Се јавувале многу кандидати, бидејќи сите ја знаеле нејзината убавина и богатството на нејзиниот татко. Тој и ја открил на ќерка си својата желба, но таа не помислувала на никаков брак. По извесно време откако излегла од кулата се запознала со многу луѓе и дошла во допир со некои Христијанки.
Од нив слушнала за Господа и за неговата света наука, како Единородниот Син Божји Исус Христос станал човек и претрпел страдања и смрт за да ги спаси луѓето од вечната смрт.
Срцето на девојката кое одамна чезнеело за вистината со неописива радост ја примила благата вест за спасението и се исполнила со вера и пламена љубов кон Бога. Таа веќе мислела и сакала да стане Христијанка. Наскоро таа желба и била исполнета.
Во Илиопол дошол од Александрија еден свештеник. Кога дознал за желбата на Света Варвара и го објаснил Христијанскиот Закон и ја подготвил да го прими Светото Крштение и подоцна ја крстил.
Света Варвара усрдно се грижела да стане достојна на името Христијанка.
Го минувала времето постојано во молитва и размислување за Бога. Кога нејзиниот татко разбрал дека постанала Христијанка многу се разгневил, бидејќи бил огорчен противник на Христијанството. А кога нејзиниот татко еднаш се оддалечи од градот, таа излезе од кулата и по Божја Промисла се сретна со некои христијанки коишто ѝ ја јавија вистината на Христовата вера. Срцето на Варвара пламна со љубов кон Господ Христос. (Крај)
извор: МПЦ-ОА фото: архива