Охрид, 17. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Деветтоодделенецот Константин Лушески од ОУ „Братство Единство“ меѓу 150 учесници, го освои третото место на испит по физика.
ПСУ „Јахја Кемал“ организираше испит по предметите математика и физика, со цел добивање стипендии за деветтоодделенците од основните училишта од Охрид, Струга и регионот.
Лушески под менторство на наставничката Мирјана Мартиноска беше трет по физика и освои осмо место на испитот по математика, под менторство на наставникот Борис Лушески, а со тоа се стекна со поволности за упис во ова приватно средно училиште.
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 22