Струга, 27. јануари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Конференција на тема „Подигање на свеста за трговија со луѓе“ ќе се одржи на 29.јануари во салата на Советот на општина Струга.
Во панел-дискусијата ќе учествуваат и дебатираат претставници на амбасадата на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, како и претставници од невладините организации.
Конференцијата ја организира Американското катче во Струга во соработка со Амбасадата на САД по повод месецот јануари кој е прогласен за месец на превенција на ропството и трговијата со луѓе.
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 26