Охрид, 17. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридските музичари Ѓоко Танески, групата Камелеон и Ефто Пупиноски ќе ги забавуваат охриѓани и гостите за дочекот на Нова година во центарот на градот, објавија од охридската локална самоуправа.
Од општината информираат дека до 20-ти јануари е подготвена забавна програма, во чии рамки на Градскиот плоштад да настапат повеќе домашни и странски звучни имиња.
Охрид, најголемиот туристички центар во државата, деновиве блесна во целата негова убавина, украсен во пресрет на празниците. Централното градско подрачје е прекрасно украсено, како што доликува за овој период од годината.
Најавите од угостителските работници се дека нивните капацитети ќе бидат скоро 100% исполнети, што одлична најава за следната туристичка сезона. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес