декември 17, 2019

Охрид, 17. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Власта предводена од СДСМ врши груба партизација на општина Охрид и државните институции исклучиво со партиски кадри, порача на денешната прес конференција Лидија Петкоска, советник во Градскиот совет и претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

– Градоначалникот Константин Георгиески го следи трендот на партиски вработувања наметнат од Владата на СДСМ. Локалната самоуправа предводена од градоначалникот Георгиески објавува огласи за 10 вработувања на државни службеници во повеќе сектори. Георгиески исто така објавува интерни огласи за унапредување на административни службеници во општина Охрид. Дали Георгиески однапред веќе знае кои 12 службеници ќе добијат унапредување по партиски клуч? Зошто Георгиески ги потценува охриѓани, но и партиските активисти кои мора да чекаат избори за да се објават огласи за вработување или да добијат унапредување? Наместо европски вредности имаме расипничко искористување на парите од Буџетот за партиски цели. Георгиески е веќе познат по недомаќинското трошење на парите од граѓаните само за вработување и враќање стари долгови, а не за инфраструктурни проекти. СДСМ и Георгиески исплашени од поразот на изборите на 12 април мислат дека со превработувањето на администрацијата со партиски кадри и добивање повеќе гласачи за избори ќе се спасат од казната на народот, додаваат од партијата. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука