Охрид, 17. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Вработените во детските градинки повторно се оставени без основната егзистенција за живот со власта на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
– Во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ вработените сѐ уште не ги добиле своите плати што е нечовечки и спротивно на Законот за работни односи. Дали како лажниот живот пропаднат со лагите, таков е и правиот пат којшто го ветува власта? Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска заедно со градоначалникот Георгиески да понесат одговорност за неисплатените плати на вработените во детските градинки. Од една страна ветуваат предизборно покачување на платите, а од друга страна доцнат со исплатата на истите. Ваквото владеење ќе заврши по 12-ти април откако доаѓа обновата на Македонија, стои во дописот до медиумите. (Крај)
извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ОхридПрес