Охрид, 20. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Министерот без ресор задолжен за дијаспора Едмонд Адеми очекува дека по сé што Владата и институциите презеле по однос на препораките дадени од УНЕСКО ќе добиеме позитвно мислење на следната сесија на организацијата во Кина.
Вели дека препораките и заблешките на УНЕСКО се дадени уште од пред десет години, но не ја знае причината зошто не се комуницирало и не се испраќале информации до УНЕСКО.
– За помалку од една година ова Влада поприлично ги подобри односите со УНЕСКО, во споредба со минатите години, за нас се нејасни причините зошто не се комуницирало со организацијата и не се споделувале информации. Овие препораки и забелешки на УНЕСКО стојат уште од 2009 година, потоа од 2011-та, 2013-та и последното од април 2017 година. Очекувам дека после прогрес извештајот што ќе го испратиме во февруари следната година на следниот самит во Кина ќе имаме позитивна препорака, истакна Адеми. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес