декември 21, 2019

Охрид, 21. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Претставниците на нуркачкиот Центар „Амфора“ од Охрид, Јован Секулоски и Горан Балевски, учествyваа на специјализирана обука за пребарување и спасување на вода во зимски услови.

Секулоски и Балевски се припадници на тимот за брз одговор за спасување на вода и подводно деминирање при Дирекцијата за заштита и спасување. Обуката се одржа во капацитетите на Државниот Универзитет за противпожарна заштита на Министерството за вонредни ситуации на Руската Федерација во Санкт Петербург.

Image may contain: outdoor

Image may contain: 2 people, outdoor

Image may contain: 5 people, people sitting and swimming

– Истата се состои од основна обука (заштита и мерки за безбедност, прва помош за настраданите, психолошка подготовка за спасителите и др.), и специјална обука (организација и техники на спасување на вода во зимски услови, опрема и средства за спасување и начин на нивна употреба, обука на нуркачите и сл.). Претставниците на Македонија покажаа извонредни резултати и со највисоки оцени ја завршија обуката, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Дирекција за заштита и спасување

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука