Охрид, 21. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Лускузниот брод „Армада“ од денес ќе биде нов украс и современа угостителска понуда во водите на Охридското Езеро.
Во присуство на бројни соработници, претставници на туристичкиот сектор, пријатели и гости, бродот денес и официјално беше ставен во употреба.
– Што не прави различен од другите? Вие нема да добиете „само возење“ Вие ќе добиете: внимание, насмевки од вработените, грижа за целокупниот престој на пловилото, весели моменти, безброј фотографии од зајдисонца на охридското езеро, комфор, луксуз и ќе ви е мака што возењето завршило. Опремен со мотори од најновата генерација по сите еко стандарди произведени оваа година, безбедност на највисоко ниво, климатизирана долна палуба, smart boat со сите функции оперативни преку мобилен или таблет, веб страна каде што ќе може да си купите билет, pet friendly, безплатен интернет – ова е тоа што долго му требаше на Охрид. Ако сакате вашата свадба да биде незаборавна, вашите корпоративни забави, состаноци да ги одржите на поразлично место од другите или сакате венчавка или регистрација на сред езеро, овој брод е токму за вас, порачуваат од „Армада“.
Опремен е со две палуби, од кои внатрешната е климатизирана. Ќе плови во текот на целата година, а покрај екскурзиите до „Св. Наум“, ќе се нудат и дневни и ноќни крстарења, а имаат изготвено и посебна предновогодишна понуда. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес