Охрид, 24. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Римокатоличката црква, протестантската и англиканската црква, како и некои православни цркви кои прифатија ново сметање на времето, го слават денеска Бадник, најавувајќи го утре Божиќ, раѓањето на Исус Христос.
На 24-ти декември, во пресрет на рождеството Христово, се почитуваат строгите пости, а верниците, традиционално, постите ги завршуваат со појавата на првата вечерна ѕвезда на небото, а потоа во храмовите почнува свечената литургија.
Според преданијата, Исус Христос е роден на 25-ти декември во Витлеемската пештера, па тој датум, со разликите во календарите, се почитува во целиот христијански свет. Бадник е еден од најголемите празници за христијаните.
Божик утре го слават и Грчката, Бугарската, Романската, Украинската и Грузиската православна црква кои го прифатија Грегоријанскиот календар. Преостанатиот православен свет кој се води според Јулијанскиот календар, меѓу кои и Руската, Српската и Македонската православна црква, Ерусалимската патријаршија, како и дел од монасите на Света Гора, Божик ќе го одбележат на 7-ми јануари. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива