Избор Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ

Ќе се промовираат резултатите и сознанијата од Проектот „Требенишко Кале, село Требеништа, истражување 2019“

Охрид, 24. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Денес од 12:30 часот во зградата на општина Дебрца во Белчишта ќе се одржи промоција на резултатите и сознанијата од Проектот „Требенишко Кале, село Требеништа, истражување 2019“.

На настанот ќе присуствуваат: градоначалникот на општина Дебрца Зоран Ногачески, Деканот на Филозофскиот факултет, Ратко Дуев, Директорот на Управата за заштита на културното наследство, Ацо Костов и раководителот на истражувачкиот тим, проф. Др. Виктор Лилчиќ Адамс.

Археолошкиот локалитет „Требенишко Кале“ беше истражуван оваа година со методот на рекогносцирање од страна на стручен тим од Филозофскиот факултет во Скопје, со финансиска поддршка на општина Дебрца. Беа истражувани одбранбените ѕидови на древниот град, површините од ѕидовите, како и надвор од ѕидовите по околните падини.

По истражувањата беа добиени доволно резултати преку кои може да се согледа егзистенцијалниот континуитет на градот, неговата максимална површина во раната и доцната антика.

Меѓутоа, успеа да се навлезе и во трагата на неговата идентификација со еден средновековен град, споменат во еден средновековен извор. Тоа е град по чија местоположба истражуваа и трагаа македонските историчари и археолози повеќе од половина век. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука