Охрид, 24. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ организира свечена програма по повод патрониот празник, новогодишните и божиќните празници.
Во чест на Св. Наум Охридски и 80 години од „Бели мугри“ на Кочо Рацин ќе биде изведен рецитал „Видение“, а обраќање ќе има директорот на училиштето Сашо Недески.
Ќе бидат доделени благодарници, пофалници и јубилејни награди. По текст на ученици од драмската секција ќе се извде сценската игра „Последниот час“, а настанот ќе биде збогатен и со музички изведби на учениците.
Свеченоста ќе се одржи в петок, 27-ми декември од 18:30 часот во аулата на училиштето. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 16