декември 26, 2019

Охрид, 26. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридските „Тамаро“ маркети повторно во хумана мисија.

Преку охридскиот Црвен крст денеска им доделија 100 пакетчиња на дечињата од социјално ранливите категории граѓани.

Покрај ова најавија дека ќе донираат и пакетчиња за најмладите кои ќе учествуваат на традиционалната Бадникова поворка.

– Ќе ја поддржиме и традиционалната Бадниковата поворка. Ќе донираме 300 пакетчиња за најмладите кои носат радост и во понеделник, пеејќи ја Божикната песна ќе го најават денот на Христовото раѓање. Како што знаете години наназад ја организираме и Бадниковата вечер, но одлучивме овојпат средствата кои ги наменуваваме за пакетчиња и за целосната организација на настанот да одат во хуманитарни цели. Па дел од парите ги дониравме за помош во лекувањето на нашиот сограѓанин Трајан Целески- Тачо, вели Даница Кузманоска од „Тамаро“ маркети.

Од „Тамаро“ маркетите велат дека како и досега и во иднина ќе продолжат да помагаат на ранливите категории и на оние на кои помошта им е повеќе од неопходна. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука