Охрид, 25. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Охридските и струшките YouTube-ри имаат време до вечерва на полноќ да снимат видеа од кои најдоброто ќе го одберат МЕГА популарните Steffonator & GP во рамките на годинешното издание на проектот „Сладок декември со Тамаро и Витаминка“.
До петок до полноќ ќе можат да се испраќаат видеата во рамките на проектот ќе трае до крајот на декември. Во него ќе земат учество сите кои ќе снимат некое видео со производ на „Витаминка“ купен во некој од маркетите на „Тамаро“ во Охрид или Струга.
– Се’ што треба да направите е да купите некој производ од „Витаминка“ во некој од нашите маркети и да снимите со него кратко видео пред маркетот. Видеото испратете го во порака на нашата официјална страна на Facebook, најдоцна до петок до полноќ и веќе сте во игра за главната награда – моќниот Huawei телефон со врвна камера за да можете да снимате уште подобри видеа. Најдоброто видео ќе го одберат токму МЕГА популарните Steffonator & GP, со кои ќе имаме финален Meet Up во сабота на 28-ми декември со почеток во 17:00 часот во хотелот Mozzafiato во Охрид, каде лично Steffonator & GP ќе му ја доделат главната награда на најдобриот и ќе се дружат со младите охриѓани, порачуваат од „Тамаро“ маркетите.
Секако ќе имаме и многу други награди, кои веќе ги доделуваме секојдневно на Супер радио.
Дополнително, за промоција на проектот, во дел од „Тамаро“ маркетите се одржаа и забави со тимот на Супер радио. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес