декември 27, 2019

Охрид, 27. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Седмоодделенката Лина Боцеска од ОУ „Григор Прличев“, под менторство на наставничката по македонски јазик Лилјана Ставреска е примена да учествува на Републичкиот литературен фестивал „Ракатки“ со освоено трето место.

– Ова не е прв успех на ученичката Боцеска, минатата година зедно со ученичката Ивана Маркоска го освоија третото место на конкурсот „ Безбедност и здравје при работа од мали нозе“ во организација на трите стручни здруженија од областа на БЗР (ЗЗПР Битола, ЗБР 28-ми Април и ЗИЗ ТУТЕЛА) и нивните творби се објавени во збирката песни и раскази „Безбедност и здравје при работа од мали нозе“ која се објави во октомври 2019 година, велат од училиштето.

Фестивалот „Ракатки 2020“ ќе се одржи на 24-ти и 25-ти април во Скопје. Овој фестивал традиционално се одржува секоја година каде се слави литературата и творците. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

 

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука