Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Предновогодишен настан на учениците од ОУ „Григор Прличев“

Охрид, 28. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – Учениците од шестите и осмите одделенија при ОУ „Григор Прличев“ од Охрид организираа предновогодишен настан во спортската сала на училиштето.

– Покрај одделенските предновогодишни приредби, овие ученици во соработка со родителите и наставниците успеаја барем за момент на поинаков начин да ја испратат годинава што изминува и да ја навестат идната. Учениците презентираа свои изработки пред останатите ученици и вработени во училиштето, настанот беше реализиран во пријатна атмосфера, а новогодишната музика само ја подобри комуникацијата меѓу присутните, информираат од училиштето.

Image may contain: 1 person, crowd, shoes, basketball court and child

Image may contain: 9 people, people smiling, people standing, people sitting, table and indoor

Image may contain: 16 people, people smiling, people standing, people sitting and indoor

Image may contain: 14 people, people smiling, people standing and indoor

Image may contain: 11 people, people smiling, people standing and child

Image may contain: 5 people, people standing and indoor

Image may contain: 9 people, people smiling, people standing and outdoor

Испраќаат благодарност за учениците кои несебично се вклучија во настанот, како и до сите присутни и додаваат дека овие настани ја зацврстуваат и подобруваат соработката помеѓу возрасните, сè со цел учениците- нашите деца да израснат во здрави личности. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука