декември 28, 2019

Охрид, 28. декември 2019 (ОХРИДПРЕС) – МЕГА популарните YouTube-ри Steffonator & GP на meet up средбата со нивните обожаватели која се одржа вечерва во хотелот Mozzafiato го одбраа за најдобро видеото на Никола Николоски од Охрид.

Видеото на Никола го селектираа помеѓу бројните видеа кои изминативе две недели беа испратени на официјалната Facebook страна на охридските „Тамаро“ маркети, кои и оваа Нова година ја продолжуваат традиционалната соработка со компанијата „Витаминка“, во рамките на проектот „Сладок декември со Тамаро и Витаминка“. Никола ќе добие нов Huawei телефон со врвна камера за да може да снима уште подобри видеа.

Повеќе од стотина деца се сликаа и се дружеа со популарните Steffonator & GP кои се вистински ѕвезди на Instagram и нивните постови секојдневно ги следат илјадници нивни обожаватели. Тие стрпливо и со насмевка се сликаа и дружеа со најмладите охриѓанчиња, кои заедно со родителите уживаа во прекрасната атмосфера во хотелот Mozzafiato кој широко ги отвори вратите за своите најмлади посетители.

Најновиот проект и годинешното издание на проектот „Сладок декември со Тамаро и Витаминка“ е само продолжување на успешната соработка на двете компании со маркетинг и креативниот тим на охридското Супер радио. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука