Охрид, 4. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – За него навидум е се` веќе кажано, но на вакви денови тоа како да паѓа во вода и повторно и повторно не остава без коментар.
Прекрасниот Охрид денес се капи во јануарското сонце. Температурата е ниска, но тоа не ги спречува охриѓани и бројните гости, уште од раните утрински часови да уживаат во неговите убавини.
По одличната исполнетост за новогодишните празници, угостителските работници очекуваат слична посетеност и за Божикните, но и за останатите празници кои следуваат – Стара Нова година-Василица и Водици.
За пополнетоста на градот помогна и сончевото време, кое направи градот да блесне уште повеќе во неговата убавина. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес
Прочитано: 21