Охрид, 7. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – По одличната исполнетост за новогодишните празници, сместувачките капацитети во Охрид скоро полни и за Божикните празници.
Градов од почетокот на годинава се капе во јануарското сонце во кое уживаат бројните гости, кои го искористија продолжениот Божикен викенд за посета на нашиот најголем туристички центар.
Традиционално најбројни се гостите од соседството, а секако тука се и домашните посетители, кои ги исполнуваат хотелите и приватното смествување, а не е мал бројот на оние кои имаат и сопствени станови во градот под Самуиловата тврдина.
Угостителските работници очекуваат добра посетеност и за празниците кои следуваат – Стара Нова година-Василица и Водици. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 20