јануари 8, 2020

Скопје/Охрид, 8. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Со одлука на министерот за внатрешни работи во техничката влада Наќе Чулев, 12 позиции во МВР денеска добиваат нови началнички и раководни позиции.

Меѓу нив е и одлуката за нов прв човек на Секторот за внатрешни работи од Охрид. На местото на Сашо Милески назначен е Илија Милески.

Министерот Чулев има право да назначи 15 нови позиции, а за останатите три дополнително ќе одлучува. Според законот актуелните раководители сега ќе станат заменски на новоименуваните и ќе имаат врзани потписи. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука