Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид Ретки болести 2020 ТОП ВЕСТИ

„Ги запознаваме ретките болести“: Од годинава и на албански и знаковен јазик

Охрид, 11. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – По успешната прва сезона, годинава продолжува проектот „Ги запознаваме ретките болести“, инициран од активистот Гордана Лолеска, Супер радио и Здружението „Живот со предизвици“.

– Во месецот со најмалку дена во годината, во месецот кој пациентите со ретки болести го викаат „свој“, месецот кој е редок по своите ретки 28 или 29 дена, ќе се обидеме поблиску да ја запознаеме јавноста со ретките болести. Да ги дознаеме предизвиците и проблемите со кои се соочуваат. Како ја добиваат дијагнозата? Дали има некаков лек? Колку и дали воошто се достапни лековите?… Да се биде редок не значи да си невидлив. Да подадеме рака, другар за другар, брат за брат, да ги запознаеме ретките болести. Овој февруари е повторно редок, како болеста која можеби ја има човекот кој седи до вас во ресторан, детенцето кое си игра со другарчињата. Време е за 29 дена во февруари со 29 ретки дијагнози, информира Лолеска.

Додава дека втората сезона, покрај на македонски е изработена и на албански и знаковен јазик, а емисиите ќе се емитуваат и во Албанија и Косово.

Сите детали за проектот наскоро ќе бидат соопштени на прес конференција. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука