Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

TUI fly Belgium од 6-ти јуни ќе лета од Брисел до Охрид

Охрид, 12. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Белгиската авиокомпанија TUI fly Belgium од 6-ти јуни ќе воведе авионски линии на релации од Брисел до Охрид и до хрватскиот град Пула и обратно.

Компанијата ќе лета еднаш неделно на релација Брисел-Охрид и Охрид-Брисел, со почетна цена на билетот од 89,99 евра.

Во промотивниот материјал за новата линија, TUI fly Belgium наведува дека Охрид е „една од најстарите населби во Македонија”.

– Дополнително, регионот е познат по прекрасната природа, вклучително и планинското Охридско Езеро, се наведува во промотивниот материјал на TUI fly Belgium. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука