ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Бројчаникот на UNESCO на OhridPress одбројува, останаа уште 19 дена

Охрид, 12. јануари 2019 (ОХРИДПРЕС) – Како едно колективно потсетување за сите до каде е реално дојдена работата со заштитата на Охридскиот регион, на OhridPress беше поставен UNESCO Бројчаникот, кој ќе ни покажува уште колку време останува до 1-ви февруари 2020 година.

Денес Бројчаникот покажа дека останаа уште 19 дена до овој датум и на нашиот портал ќе остане до 1-ви февруари и ќе не потсетува сите, а особено одговорните и најзасегнатите за важноста, но овој пат и за брзината со која мора да ги носат одлуките.

Претходно во Баку беше официјализирана одлуката UNESCO да му даде уште една шанса на Охрид. Одговорните имаат време до први февруари да ги исполни сите 19 препораки или во спротивно на следната сесија во јули ќе заврши на листата загрозени подрачја. Одлуката беше донесена попладнево на сесијата во Баку и подразбира мораториум на секакви урбани трансформации на брегот на езерото, уривање на дивоградбите, изработка на детална анализа за состојбите во регионот и ревиталзација на колекторскиот систем. Истите препораки важат и за албанската страна од езерото. На сесијата во Баку повеќето земји учесници гласаа за да му се даде дополнителен рок на градот иако сите се согласија дека властите стагнирале во исполнување на препораките за заштита на регионот.

Истече рокот за отстранување на дивоградбите, од денес инспекторите повторно на терен

Неодамна локалната самоуправа започна со акција за уривање на дел од дивоградбите. Прва на удар беше куќа надвор од строгиот центар на градот и првата езерска линија, по што започна и акција за отстранување на платформите на дел од угостителските објекти.

Сепак, според градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески најголем проблем претставува справувањето со депонијата „Буково“, а не отстранувањето на бесправно изградените објекти.

На 27-ми овој месец во Охрид доаѓаат експерти од УНЕСКО да утврдат до каде е исполнувањето на зададените препораки. Министерот без ресор Едмонд Адеми и градоначалникот Георгиески се оптимисти дека по прогрес извештајот кој ќе биде доставен во февруари, Охридскиот регион нема да се најде на листата на загрозени подрајча на следниот состанок на Комитетот за светско наследство што во јуни ќе се одржува во Кина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука