Вевчани, 13. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве сите патишта водат во Вевчани, каде под мотото „Напрај се Василичар“, вчера започна годинешното издание на Вевчанскиот карневал.
Маските се подготвуваат подолг период наназад, инспирирани од случувањата во јавниот живот во земјата и светот. Сепак, традицијата налага тие да се чуваат во тајност, а ќе бидат откриени токму денес, на дефилето на маските. Василичарите го чекаат денешниот ден, 13-ти јануари за официјален старт на карневалот стар со милениуми.
Вевчанскиот карневал завршува утре, на 14-ти јануари со традиционалното палење на маските.
Пишани извори сведочат дека карневалот е стар најмалку 1.460 години, но постојат археолошки наоди кои упатуваат на податоци дека карневалот постои барем 2.200 години. Учесници се околу 1.500 василичари. Попатно на поворката се придружуваат соселани од сите селски маала кои се упатуваат кон изворите. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес