јануари 15, 2020

Париз, 15. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Бројот на патници на аеродромите во Скопје и Охрид во текот на 2019 година се зголемил на годишно ниво за 14 отсто, на вкупно 2.677.618, објави бизнис порталот SeeNews.

Порталот, повикувајќи се на соопштение на компанијата Аеродроми на Париз (АДП), наведува дека само лани во декември низ двата аеродроми во земјава минале 196.851 патник, што претставува раст за 15 отсто во однос на истиот месец во 2018 година.

АДП поседува 46,15 отсто од акциите на турската компанија „TAV Airports“, која стопанисува со аеродромите во Скопје и Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress – Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука