Охрид, 15. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – По облачниот и релативно поладниот период, Охрид денес повторно блесна на јануарското сонце на температура од околу +7 степени Целзиусови.
Раздвижено беше по Кејот, а бројни охриѓани и гостите уживаа во кафе баровите и хотелите на Охридското Езеро.
Во градот е се’ уште забележително присуство на бројни гости, претежно од Србија, Турција, Албанија, но и од бројни други земји од целиот свет. Поголем туристички бран се очекува за празникот Богојавление Водици, за кога се понудени посебни понуди од страна на угостителските работници, во насока на максимално зголемување на бројот на гости во градот.
– Во следните денови ќе се задржи стабилно и претежно тивко време, по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност, особено во претпладневните и вечерните часови. До петок на планинините и на повисоките места ќе провладува сончево и релативно топло време. Слаб до умерен северен ветер ќе има во четврток, а поветровито се очекува да биде од недела, информираат од УХМР. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес