ЕКОЛОГИЈА Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Граѓаните од улицата „Петар Чауле“ во Охрид реагираат на хигиената во овој дел на градот (Фото)

Охрид, 17. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните кои живеат на улицата „Петар Чауле“ во Охрид реагираат на јавната хигиена во населените места од строгиот центар.

– На улицата „Петар Чауле“ со локација во строгиот центар на градот, градежен отпад, стар мебел, а најмногу отпад од домаќинства е честа глетка. Со овој проблем особено сме соочени во текот на туристичката сезона и поголемите зимски празници, кога градот е полн со домашни и странски туристи. Глетката е недолична и создава непријатна ситуација не само за граѓаните кои затекнуваат ѓубре пред своите домови, туку и за туристите кои неретко од шеталиштето се упатуваат кон стариот дел на градот токму преку оваа улица. Дел од проблемот се несовесни граѓани и околни бизниси кои немаат проблем со тоа центарот на градот да стане мини депонија, па така, тука наоѓаат за згодно да го остават отпадот произведен во нивниот дом или продавница на дневно ниво; поретко сметот после помали или поголеми градежни зафати, отпадни течности, храна и друго. Не паметиме време, кога улицата не била преплавена од отпушоци од цигари. Во најголем дел, жителите со адреса на живеење на „Петар Чауле“ сами се грижат за хигиената на овој јавен простор. Другиот дел од проблемот е што локалната самоуправа нема соодветно
назначени места за депонирање на отпад во овој дел од градот. Најблиските контејнери се тие пред градската библиотека, па претпоставуваме дека далечината претставува додатна потешкотија за граѓаните кои се во поодминати години, или посетители на краткотрајни престои во околните сместувачки капацитети кои не знаат каде да го депонираат ѓубрето, реагираат преку допис до медиумите.

Image may contain: one or more people, people standing and outdoor

Тие апелираат до надлежните да имаат слух за потребите на граѓаните и да пристапат кон решавање на проблемот со јавната хигиена во стариот дел на градот и предлагаат:

1. Поставување контејнери/канти за комунален отпад на погодна локација
2. Улицата „Петар Чауле“ да биде вклучена во редовното секојдневно чистење на центарот на градот од страна на комуналните служби
3. Активна работа на терен од страна на комуналните инспектори и преземање мерки во насока на спречување депонирање големи количества отпад во центарот на градот од страна на физички и правни лица. Кон несовесните поединци и бизниси од непосредната околина апелираме да запрат со депонирање отпад пред вратите на нашите домови, бидејќи приморани сме да реагираме соодветно, со пријави до локалниот комунален (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука