Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Просечната цена на станбен квадрат во Охрид е зголемена за 17,2%

Охрид, 17. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – Општините Охрид, Гази Баба и Битола се рекордери по пораст на просечната цена на станбениот квадрат за период од една година.

Овие податоци ги покажа анализата на Мета.мк на податоците од регистрите на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижнини за периодот јули-септември 2018 и 2019 година.

Во овие три града, цената на метар квадратен во периодот од јули до септември 2019 година во споредба со истиот период лани е зголемена за над 10%.

Во овој едногодишен период просечната цена на квадрат станбена површина во општина Гази баба се зголемила за 18,2% односно за 6.945 денари, во Охрид за 17,2% односно за 6.819 денари, а во Битола за 12,3% или 4.069 денари. (Крај)

извор: Мета.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука