Охрид, 18. јануари 2020 (ОХРИДПРЕС) – На еден ден пред празникот Богојавление Водици, православните верници денес го празнуваат Водокрштение, Водокрст или Водопост.
Водокрст доаѓа од крштевањето односно осветувањето на водата, а Водопост поради тоа што се работи за строг пост односно пост на вода. Во православните храмови утринава се служеше литургија, а верниците нацрпија и понесоа во своите домови од осветената вода.
Празникот Водици се празнува два дена. Првиот ден – 19-ти јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Машки Водици, а вториот ден 20-ти јануари е познат како Собир на Свети Јован Крстител, а уште се вика и Женски Водици. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 30